Москва и Белград мора да одговорат исклучително остро на затворањето на воздушниот простор, од страна на соседите на Србија, за авионот на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, смета потпретседателот на Горниот дом на рускиот Парламент, Константин Косачев.
Според него, одлуката е удар врз Русија и на Србија, како држави.
„Реакцијата, се надевам, ќе биде заедничка и крајно остра, во форма на, не само дипломатски протести, туку и конкретни, практични одговори. Тоа беше непочитување“, напиша тој на Телеграм.
Како што истакна Косачев, одлуката на Бугарија, Црна Гора и на Северна Македонија, не била самостојна.