Еврокомесарката за проширување Марта Кос изјави пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент дека Северна Македонија треба да ги спроведе уставните измени и дека нема напредок во ова прашање во изминатата година, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна.

„Северна Македонија целосно се усогласува со Заедничката надворешна и безбедносна политика и продолжи со техничката работа на Патоказот и Акцискиот план поврзани со Кластер 1, но земјата не презеде решителни чекори за напредок во процесот на пристапни преговори во изминатата година. Таа треба да ги усвои уставните измени во согласност со заклучоците на Советот на Европа од 2022 година за да напредува на својот пат кон Европската унија“, изјави Кос пред AFET.

Во извештајот на ЕК е нагласено барањето за впишување на Бугарите, како и почитувањето на Договорот за добрососедство од 2017 година.