Европратеничката Марта Кос, известувачка за Западен Балкан во Европскиот парламент, го оцени забрзаниот ритам на преговорите за членство на Албанија во Европската Унија, а воедно ја потенцираше и потребата од длабоки реформи во Северна Македонија, по усвојувањето на првиот извештај за оваа земја по три години, пренесува Flaka.

Во низа објави на мрежата X (поранешен Твитер), Кос изјави:

„Преговорите за членство со Албанија напредуваат побрзо од кога било. Во Европскиот парламент потенцирав дека овој напредок е показател за посветеноста на Албанија и континуираната поддршка од ЕУ. Таквата сеопфатна вклученост на општеството е клучна за затворање на преговорите до 2027 година.“

Воедно, Кос се осврна и на случувањата во Северна Македонија, каде Европскиот парламент го усвои првиот извештај за земјата од 2022 година наваму.

„Јаснo изразената доверба во европскиот пат на Северна Македонија. Сега е потребен напредок во владеењето на правото, независноста на судството и борбата против корупцијата, искористувајќи го актуелниот моментум на проширување.“

Изјавите на Кос доаѓаат во клучен момент за двете земји, во време кога проширувањето на ЕУ се врати на врвот на стратешките приоритети на Унијата, а вниманието кон регионот на Западен Балкан е засилено.

Албанија и Северна Македонија, кои заедно ги отворија формалните преговори во 2022 година, сега се наоѓаат во различни фази од процесот.