Власта и опозицијата купуваат време околу уставните измени за внесување на Бугарите во преамбулата на Уставот затоа што со почнување на преговори со Европската унија повеќе нема да има кого да обвинуваат за отсуство на реформи во земјата, тврди Никица Корубин, политички аналитичар и поранешен пратеник во интервју за порталот zoom.mk.
Корубин вели дека ако почнеме преговори со ЕУ тогаш топката е стопроцентни во наш двор и напредокот во процесот ќе зависи само од нас.
„Не само закочување на преговорите, туку некој друг да биде крив и виновен. Сега немаме кого да обвиниме. До вчера ги обвинувавме, Бугарија ние крива, пред тоа Грција ни беше крива, сега многу тешко е цела Европа да биде крива. Тешко ќе се продава таа приказна“, оценува Корубин.
Таа верува дека уставните измени ќе се случат бидејќи власта нема изговор, а опозицијата не може да си дозволи отворено да биде анти европска партија.
Корубин смета дека власта и опозицијата треба да почнат постапка за уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот ако тоа е така како што се декларираат во јавноста.
„Ние менуваме преамбула на Устав, не нормативниот дел од уставот. Што е проблемот да влегуваат и Бугарите во тој свечен дел“, прашува Корубин сметајќи дека е непотребно заради внесување на Бугарите во уставот да се криеме зад Црногорците и Хрватите.
Според неа, неспорно е дека и Црногорците и Хрватите треба да влезат во уставот, но прашањето е зошто досега не е направено тоа или досега немале вистинска грижа за нив.
„Зошто ги вадите сега тие џокери за да го зад скриете прашањето со Бугарите?! Зошто ние самите не преземавме иницијатива во преговорите, ако имаше согласност од власта и опозицијата, зошто не отпочна веднаш уставните измени“, прашува Корубин и додава дека во процесот земјата испуштила да биде кредибилен партнер, кој сам ги исполнува обврските без да му бидат ставени како услов или пак биле неискрени зошто знаеле дека нема да има промена на уставот.