Американската музичарка Корти Лав (56) се вакцинираше против ковид-19 во Велика Британија, иако вакцинацијата во моментов е достапна само за оние кои се изложени на ризик и се постари од 65 години, пишува „Daily Mail“.

Вдовицата на Курт Кобејн, го напушти Лос Анџелес и се пресели во Лондон во 2019 година за да се посвети на пишувањето на својата книга и снимање нов албум.

EPA EFE
EPA/CHRISTOPHE KARABA

Во Велика Британија, постарите луѓе и здравствените работници засега се оние кои имаат право на вакцинација, па многумина се запрашаа зошто здравствените власти направиле отстапка за Корни Лав.

Таа има здравствени проблеми поради кои ги исполнува условите. Корни Лав е исклучително благодарна на Националната здравствена служба и сите работници на првата линија на фронтот“, изјави потпаролот на пејачката.

EPA EFE
Кортни со нејзината ќерка Франсис Кобејн / EPA / CAROLINE BLUMBERG

Кортни на својот инстаграм – профил се пофали со фотографија од клиниката во Челзи, која наскоро крена вистинска бура. А фотографијата веќе не е достапна.