Астон Вила има големи проблеми со коронавирусот, потсетување дека во рамките од третото коло во ФА купот против Ливерпул мораа да играат со фудбалери од вториот тим.
А сега натпреварот против Тотенхем во Премиер лигата е одложен исто така поради позитивни случаи на ковид-19.
Во изолација се 10 првотимци на Астон Вила, а наместо тој меч, играчите на Жозе Мурињо ќе го играат заостанатиот дуел против Фулам на домашен терен.
Тотенхем и Фулам требаше да играат на 30 декември, но истиот беше одложен поради коронавирусот. Сега оваа средба ќе го пополни терминот в среда од 21.15 часот.
Претходно од 19.00 часот на „Етихад“ стадионот Манчестер сити ќе го пречека составот на Брајтон.