Не може да ѝ попуштиме на Република Северна Македонија“. Ова го изјави лидерот на БСП и вицепремиер Корнелија Нинова во етерот на Бугарската слободна телевизија.

Сè додека не се спроведе Договорот меѓу Бугарија и РСМ, ние БСП за Бугарија нема да се согласиме да започнеме преговори, рече Нинова. Не случајно го поставивме ова прашање како „црвена линија“ во преговорите за формирање влада. Во договорот меѓу четирите партии стои дека ја потврдуваме сегашната единствена позиција на Бугарија, додаде таа.

„Имавме средби со еврокомесарот за проширување, со претседателката на Европската комисија г-ѓа фон дер Лајен и разговаравме за ова прашање. Од почетокот на овој процес секогаш сме изјавувале дека го поддржуваме членството на Република Северна Македонија во Европската Унија, но нема да се согласиме на ова на сметка на бугарскиот национален интерес и се додека не се исполнат условите од Договорот меѓу Бугарија и РСМ, додека не се почитуваат правата на Бугарите таму, не се престане со говорот на омраза, не почне да се прикажува вистинската историја во учебниците, и се додека бугарското достоинство и историските личности не се почитуваат“, изјави Корнелија Нинова.

Извор: Трибуна