Најмалку 154 луѓе, претежно млади и тинејџери, загинаа во смртоносно стампедо во преполна зона за ноќен живот во главниот град на Јужна Кореја, Сеул. Меѓу нив беше и корејскиот актер Ли Џихан.
24-годишното момче и стана познат на јавноста откако се натпреваруваше во втората сезона на реалното шоу за таленти на К-поп „Produce 101“. Тој тогаш беше активен како актер и се појави во драмата „Today Was Another Nam Hyun Day“.
Неговата агенција, 935 Entertainment, ја потврди неговата смрт во соопштение во неделата.
„Тој беше драг и топол пријател со сите, весела и чиста личност која секогаш се поздравуваше со насмевка. И никој не можеше да поверува дека нема да можеме повторно да го видиме така“, стои во соопштението објавено на Инстаграм и Твитер.
„Тој не напушти прерано. Се надеваме дека ќе му дадете топло испраќање на неговото последно патување“.
‘프로듀스101’ 출신 배우 이지한, 이태원 참사로 사망…향년 24세 #SBS뉴스 https://t.co/hIOrJ52Ug3
— SBS 뉴스 (@SBS8news) October 30, 2022