„Државниот врв е целосно присутен на социјалните медиуми, но предизвиците остануваат големи – квалитет во комуникацијата, не само присуство туку многу повеќе одговарање на прашањата на граѓаните, потребата на услугите итн..“

Вака Бојан Кордалов од Институтот за добро управување и евроатлански перстективи истакна во емисијата „10 Минути“ на ТВ21.

Според него, напред на веб страниците, наместо насмеаните лица на функционерите, треба предност да имаат услугите.

„Ретко кој граѓанин или граѓанка оди на веб страна или на социјален медиум на институција за да го види функционерот, туку тоа го прави затоа што има потреба да реализира некое право, затоа што има потреба да се информира за некоја можност што ја нуди државата“, вели Кордалов.

Во однос на тоа колку треба да се имплементираат и нови дигитални алатки со цел полесен пристап на граѓаните, Кордалов вели дека се уште претставува предизвик да се направи дигитализација на јавните услуги.

„Не е поентата дека ако сака некој да оди на шалтери и да се бави со хартија, тоа да му се одземе како право, слободно, но проблемот е што илјадници, десетици граѓани немаат време, немаат услови, немаат за себе и своите блиску време, не па да чекаат по шалтери и да одат 4-5 пати за една иста работа“, додава Кордалов.