Холандскиот амбасадор во Скопје, Коп во интервју за Радио Слобиодна Европа зборуваше за неколку теми, но се осврна и на евроскептицизмот кој расте во нашата земја. Тој има свое видување за причините за вакво нешто.

РСЕ: Амбасадоре, последниот пат кога разговаравме рековте дека не треба да не разочаруваат пречките на патот кон ЕУ и дека треба да ги надминеме и да продолжиме напред. Две години подоцна податоците за зголемениот евроскептицизам покажуваат дека граѓаните не се имуни на пречките и неправдата. Кој е вашиот коментар?

Ајде да зборуваме за популарноста. Последните анкети во земјава покажуваат дека најпопуларен политичар во земјава е Владимир Путин, човекот кој предизвика смрт и страдање на десетици илјади украински жени и деца. Најпопуларниот политичар во Северна Македонија! Интересно прашање, зошто? И јас мислам дека тоа е така зошто колку повеќе ја „обојувате“ ЕУ во црно, толку повеќе популарноста на личности како Путин ќе расте. Што всушност се случува тука. Мислам дека сите политичари тука, политичкото лидерство поддржани од некои медиуми и голем дел од невладиниот сектор, ја обвинуваат ЕУ за се. И тоа е многу чудно, зошто после декади на голема поддршка, потребните реформи можеа да бидат спроведени уште пред неколку години. Но, наместо тоа она што се повеќе го слушаме се обвинувања за ЕУ или зошто ЕУ не тера да чекаме повеќе и повеќе, а јас всушност мислам дека оваа земја не прави нас да чекаме предолго. Можевте да го направите многу порано, но наместо тоа сите ни раскажуваат бајка дека некако, ние правиме Северна Македонија да чека предолго. Не е така.

Во изминатите години помагавме и направивме се за да и помогнеме на Северна Македонија да влезе во ЕУ. И на врвот на таа огромна поддршка можеби е добро да ги потсетам луѓето дека нашите даночни обврзници платија за вашите ковид вакцини, нашите даночни обврзници платија за 200 милиони евра кои претседателката на Унијата, Урсула Фон дер Лаен и ги даде на Владата пред неколку месеци за да се справи со високата инфлација и високите цени на енергенсите. И затоа е многу чудно што трендот на обвинување кон ЕУ станува се погласен и погласен. И впечатокот е дека некако оваа земја не се труди да ја преземе судбината во своите раце. И многу е лесно да се обвини некој друг.