Контроверзниот англиски судија Мајк Дин денес покажа уште еден црвен картон во Премиер лигата.
Дин минатиот викенд побара милост откако неговото семејство доби закани поради неговите лоши одлуки, а по враќањето на работа, веднаш се случи она што го направи рекордер во Премиер лигата.
Мајк Дин беше одговорен за делење правда на натпреварот помеѓу Барнли и Вест Бромвич Албион и не можеше без црвен картон.
Дефанзивецот на ВБА, Семи Ајаји мораше да излезе од теренот. Тој играше со рака како последен дефанзивен играч и ја спречи шансата за гол на Барнли, па Дин го испрати на туш со помош на ВАР технологијата.
Погледнете ТУКА што се случи денес.
Дин во судиската кариера даде 112 црвени картони.