Полициски службеници од СВР Куманово, заедно со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд, во текот на ноќта меѓу 13 и 14 декември извршиле контрола во четири угостителски објекти на подрачјето на Куманово.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при контролата биле легитимирани вкупно 74 лица, а во два објекти биле затекнати малолетници после полноќ.
„Притоа, во еден од нив од слобода е лишена С.В.(45), која го изнајмила простортот, затоа што се затекнати 14 малолетници, од кои еден бил под дејстов на алкохол и е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Исто така, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд изрекоа глоби на објектите поради сторени прекршоци по Законот за угостителство“, информираат од МВР.
Оттаму додаваат дека по целосно документирање на случајот, против одговорните лица ќе биде поднесена соодветна пријава.
Текстот Контрола во угостителски објекти во Куманово – затекнати малолетници после полноќ и под дејство на алкохол е превземен од МАКФАКС.






















