Тренерот на Интер, Антонио Конте се извини за навредливиот гест кон претседателот на Јувентус, Андреа Ањели за време на полуфиналето на реваншот од полуфиналето во Купот на Италија.
– Сакам да се извинам. Неправилно одговорив на навредите. Можев да реагирам поинаку и сè ќе беше многу подобро. Оваа ситуација е поука за мене. Провокациите и навредите не можат да бидат изговор за таквото однесување, изјави Конте за „Фудбал Италија“.
За време на паузата на натпреварот Јувентус – Интер (0:0) Конте го покажа средниот прст кон трибината каде што седеше Ањели.
loading…