Според новинарот Фабрицио Романо, главната причина за разделбата била тоа што сопствениците на клубот не сакале да ги слушаат желбите на италијанскиот тренер околу засилувања.
После сите најави беше јасно дека се е завршено и се чека само официјалното соопштение кое сега и пристигна.
„Интер објавува дека е постигнат договор за раскинување на соработката со тренерот Антонио Конте. Целиот клуб е благодарен за работата што ја заврши, а сето тоа кулминираше со освојувањето на Скудетото. Името на Конте секогаш ќе остане запишано во историјата на нашиот клуб“, стои краткото соопштение.
Интер и Конте се договорија за спогодбено да ја прекинат соработката, а на искусниот стратег ќе му бидат исплатени уште седум милиони евра.
Како што е познато Конте имаше договор до 2022 година, според кој ќе заработеше уште 13 милиони.