Тренерот на Интер, Антонио Конте, по критиките дека против Сасуоло играле „бункер“ (2:1) и дека не играле убав фудбал одговори дека поважна е титулата. Тој воедно пофали неколку фудбалери кои беа на теренот на овој меч, а за еден вели дека мора во иднина да добива поголема минутажа.
-Мора да пофалам неколку фудбалери, бидејки демонстрираа неверојатна желба за игра и победа, истрајност и единство на терен. Сите се сега дел од оваа екипа. Дефинитивно Алексис Санчез треба да игра повеќе, бидејки е добар фудбалер, кога е на терен, секогаш прави разлика, вели Конте.
Следниот меч Интер го игра викендов против Каљари. Тимот на Конте е на врвот на табелата со 71 бод, 11 повеќе од Милан, а 12 од Јувентус.