Биљал Касами денеска беше реизбран на чело на Движењето БЕСА на вториот конгрес на партијата. Како единствен кандидат со мнозинство гласови, Касами остана на партискиот трон, а за негов заменик беше избран Аријан Хоџа. На Вториот конгрес беа избрани и членовите на Централното претседателство и на другите партиски тела. Касами побара предвремени парламентарни избори оценувајќи дека оваа власт е нелегитимна и уште од сега најави коалиција со Алијанса за Албанците на Зијадин Села.
„Движењето Беса покажа дека е отворено и силно посветено на соработка и обединување на албанската опозиција, но никогаш не се двоумевме сами да излеземе на избори. Ние сме посветени за заедничка артикулација на гласот на опозицијата за да може побрзо и полесно да дојдеме до толку потребната промена за Албанците во Северна Македонија, но во исто време да продолжиме на нашиот пат да одиме на избори за кои очекуваме да бидат што можно поскоро“, рече Биљал Касами, Претседател на БЕСА.