Ивица Коневски, поранешен градоначалник на Аеродром од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а сега дел од Иницијативниот одбор за промени, кои бараат смена на Мицкоски, во гостувањето во емисијата „10 минути“ на ТВ21 изјави дека имаат двотретинско мнозинство од делегатите за смена на сегашниот лидер. Како што изјави тој вонредниот конгрес ќе се одржи во март, а ќе го поканат и самиот Мицкоски.