Во последните 24 часа во ковид-центрите во Скопје нема хоспитализирани нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираше Министерството за здравство.
Од друга страна, дома се пуштени 8 излекувани пациенти.
Вкупниот број на ковид-пациенти кои се лекуваат во болница е 141, 58 во Скопје и 83 во внатрешноста. Слободни се околу 430 кревети.
Во скопските ковид-центри најмногу има на Инфективната клиника – 32. Го Градската општа болница „8 Септември“ има 18 пациенти, на Институтот за ТБЦ 8.
Кога се во прашање болниците во другите градови најмногу хоспитализирани има во Куманово – 21. Во охридската болница се лекуваат 11, додека во другите градови има по помалку од 10 хоспитализирани: Штип 9, Битола 8, Велес 8, Тетово 6, Прилеп 6, Струмица 6, Гостивар 3, Струга 3 и Кичево 2.
Во болниците во Кавадарци и Гевгелија, пак, нема хоспитализирани пациенти кои се позитивни или суспектни на коронавирусот.