Ако се суди според реакциите од двете страни, на лидерите на партиите, но и повисоките функционери на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, конечно овие две партии се согласуваат околу еден предлог закон. Тоа е етничката припадност да стои во личните карти.
Предлог законот доаѓа од Движењето Беса и тоа е предложено одамна. Според Христијан Мицкоски тој нема ништо против во личната карта да му пишува дека е Македонец, а на сличен став е и лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Тоа значи дека во зависност од тоа како ќе се изјасни граѓанинот при поднесувањето за барањето за лична карта, таа етничка припадност ќе биде впишана. Сепак, ВМРО-ДПМНЕ е против во личните да се вметне придавката „северна“ за името на државата, додека од СДСМ велат дека тоа е новото уставно име.