Новата книга откри непознати детали.

Приказната која одекна низ светот кога Меган и принцот Хари седнаа да го дадат познатото интервју на Опра Винфри е дека Кејт Мидлтон ја расплакала Меган пред нејзината венчавка со Хари.

Потребна беше повеќе од една година за да излезе вистината, а ние ви ја пренесуваме во целост.

Кејт Мидлтон „се расплака“ откако Меган Маркл ја спореди принцезата Шарлот со ќерката на нејзината најдобра пријателка Џесика Малрони додека деверушите се подготвуваа за кралската венчавка, се вели во новата книга „Одмазда“.

Том Бауер, авторот на книгата, тврди дека од неименувани извори му било кажано дека Кејт Мидлтон и Меган Маркл не се согласувале околу должината на фустанот на принцезата Шарлот и кројот на нејзиниот фустан, како и за тоа дали деверушите треба да носат хеланки на свадбата. 

Тој, исто така, откри дека „инсистирањето“ на Меган го поддржала нејзината поранешна најдобра пријателка и мајка на друга деверица – Џесика Малрони. Некои би рекле дека Меган ја спореди Ајви со Шарлот“, пишува Daily Mail.

За тоа почна да се пишува во 2018 година по информацијата дека Меган ја расплакала Кејт поради кавга поради фустани за деверуши.

Меган го откри ова во интервјуто што таа и принцот Хари го имаа со Опра Винфри и тврдеше дека ситуацијата е всушност обратна.

„Беше вознемирена поради нешто, но го призна тоа и се извини, ми донесе и цвеќе“, рекла тогаш Меган.

„Тоа не беше конфликт, а всушност мислам дека беше… Мислам дека не е фер кон неа да навлегува во детали, бидејќи се извини. Беше тешко да ја преболам вината за нешто што не само што не го направив, туку ми се случи“, продолжи таа.

Меѓутоа, во својата книга Том цитира неименувани извори кои му рекле дека несогласувањето меѓу двете снаи продолжува.

Додека гостуваше во една емисија, тој призна дека сите луѓе кои му биле извор биле луѓе кои не ја сакаат Меган. Тој додаде дека Меган им рекла на сите нејзини вработени да не разговараат со него, но и покрај тоа тој тврди дека неговата биографија е непристрасна.

„Проверив, не ставив работи што не се вистинити и кои не можат да се потврдат“, рече тој.

Во книгата, тој откри како Кејт била уморна по раѓањето на принцот Луис и иритирана од поплаките дека Меган го малтретирала нејзиниот персонал.

Кралскиот експерт Кејти Никол рече дека Кејт никогаш не сакала информациите за несогласувањето да излезат во јавноста и дека ситуацијата ја смета за понижувачка.