Кандидатот за градоначалник на Општина Битола од СДСМ, Христо Кондовски најави бесплатен интернет во секое општинско училиште со што ќе се озовможи полесен пристап до платформите за учење.

Според Кондовски, сите ученици во сите училишта треба да имаат пристап до платформите за учење на интернет.

-Само така ќе обезбедиме квалитетно образование и поеднакви услови за школување и развој на секое дете. Притоа, руралните средини не смеат да бидат запоставени. И децата во училиштата во руралните средини мора да имаат пристап до интернет. Затоа ветувам бесплатен интернет во секое училиште, во градот и во секое село на територијата на Општина Битола, изјави Кондовски.

Кондовски потсети дека поради пандемијата на Ковид многу деца беа принудени да учат на далечина, на интернет и затоа како што рече не смее да се дозволи децата да назадуваат затоа што немаат интернет.

-Нашата заложба за бесплатен интернет во секое училиште во Општина Битола е придонес за квалитетно образование на сите деца, посочи Кондовски, кандидат за градоначалник во пресрет на вториот круг од локалните избори во Општина Битола.