Еден од најдоследните и најпочитувани вокални интерпретатори на регионалната музичка сцена, Жељко Самарџиќ, на 8 август ќе одржи концерт на Античкиот театар во Охрид.
Концертот се вбројува меѓу позначајните музички случувања во рамки на летната културна сезона и носи концертен формат прилагоден на просторот, акустиката и карактерот на сцената.
Со кариера која се гради повеќе од три децении, Самарџиќ остави јасен и препознатлив белег во современата регионална музика. Неговото творештво се темели на стабилен авторски израз, прецизна вокална интерпретација и репертоар која успеа да ја задржи својата релевантност низ времето.
Токму таа доследност го позиционираше како уметник со публика што не е врзана за момент, туку за вредност.
Концертот во Охрид ќе биде обликуван како целосно музичко доживување, со вниматело одбран репертоар кој ги опфаќа најзначајните композиции од неговиот богат опус.
Античкиот театар, како сцена со исклучителна културно-историска тежина и природна акустика, нуди редок амбиент каде музиката може да се доживее во својата најчиста форма. Токму во таков простор, ваков тип на концерт добива дополнителна длабочина и значење, оставајќи простор за емотивна поврзаност.
Се чини сосема доволно, за предвреме го етикетираме како спектакл кој нема реприза. Затоа не чекајте и веднаш обезбедете ги вашите билети.
Билетите се веќе пуштени во продажба и истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2, Јк травел Бисер и Јк травел Дајмонд.
Линк – https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5731
Текстот Концерт на Жељко Самарџиќ на 8 август во Охрид е превземен од МАКФАКС.























