Националниот Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ најавува уникатно сценско патување низ времето и традициите. Концертот „Изворни минијатури“ кој е најавен за 22 ноември со почеток во 19 и 30 часот во Националната опера и балет е повеќе од обичен концерт-тоа е враќање кон изворите и никулците кои р’ти богатиот репертоар на „Танец“.

Публиката ќе има можност да ужува автентични ора и песни изведени во нивната интегрална форма, како што егзистирале на теренот; раскош на дијалекти, потсетување на најстарите слоеви од македонскиот музички и сценски фолклор и врвна изведба, машки, женски и мешани ора, придружени од врвни играорци и музичари на македонски изворни инструменти.

Концертот „Изворни минијатури“ е препознаен како исклучително популарен проект кој веќе го обиколи поголемиот дел од државата, што гарантира врвен квалитет и голем интерес.

Цена на билетите е 600 денари. Место за продажба kupikarta.com.

Текстот Концерт на „Танец“ во Националната опера и балет – уникатно сценско патување низ времето и традициите е превземен од МАКФАКС.