Во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“ вечер ќе се одржи концерт на Елена Голомеова – сопран и Нита Груби – пијано.

Како што информира Дирекцијата за култура и уметност – Скопје, на концертот ќе бидат изведени повеќе дела, меѓу кои: Сцена на Џилда од Операта „Риголето“,  Сцена на Жанет од Операта „Свадбата на Жанет“…

Концертот ќе се одржи во  Културно-информативниот центар во Скопје, во Салон 19:19. Билетите се во продажба на karti.com.mk.