Насер СЕЛМАНИ

Началникот на Генералштабот на Армијата на Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, денеска престојува во официјална посета на војката на Србија, соопшти Генералштабот на Армијата. Во Белград Ѓурчиновски со генералот на српската војска Милан Мосиловиќ, ќе разговора за зајакнување и одржување на стабилноста и безбедноста на регионот. Посетата се реализира во рамките на регионална иницијатива СЕДМ, која има за цел унапредување на билатералната соработка и регионална стабилст.

Посетата на генералот Ѓурчиновски во Белград ќе беше рутинска и немаше да привлече никакво внимание во јавноста ако пред десет дена во селото Бањско во Косово не се случеше терористички напад, во кој има сериозни индиции дека се вмешани и српската војска и политичкиот врв на Србија. Во моментот се случуваат неколку паралелени истраги, истражува КФОР, косовското обвинителство, дури истрага покрена и самата српска држава. Но додека се утврдат фактите, некои работи однапред требало да ги знае генералот Ѓурчиновскси.

Прво, одгоборноста за нападот во Бањско ја презема Милан Радојчиќ, потпретседател на Српска листа на Косово, кој досега беше близок соработник на Вучиќ. Па Ѓурчиновски како генерал можел да направи елементарна проценка дали Радојчиќ можел да се осуди да преземе таква сериозна акција, без знаење на српскиот врв и безбедносните сили на Србија. Официјална средба со генерали на ваква војска, која е на тапет дека поддржува тероризам, претставува голема непромисленост на оној што се решава на таков чин ризикувајќи го сопствениот интегритет и угледот на  институцијата и државата што ја претставува.

Второ, генералот, пред да тргне за Белград веројатно слушнал дека владата на Србија прогласи ден на жалост за жртвите покажувајќи јавно дека се солидаризира со една таква терористичка групација, која немаше да може да спроведе таква акција без сериозна помош од српската држава.

Трето, Генералштабот на српската војска, таму каде што Ѓурчиновски ќе разговарал со некаква регионална безбедност, на границата со Косово, изнесе илјадници војници и техника, заканјувајќи се по безбедноста на Косово, соседна суверeна земја, призната од Северна Макеонија. Во случај да ескалираше ситуацијата, таа војска ќе беше закана и за војниците на КФОР, меѓу кои има и десетина македонски војници, кои се грижат за безбедноста на сите граѓани во Косово.

Затоа, денешната посета на Ѓурчиновски во Белград, во најмала рака, има нејасни цели и тешко може рационално да се објасни.

Пред се, генералот прави огромна штета на угледот на сопствената армија сретнувајќи се со генерал на друга армија, која е осомничена за вмешување во извршување  на терористички напад, во друга соседна држава, призната од Северна Македонија. Практично, во случајот првиот човек на македонската војска застанува на страната на агресорот, а не на жртвата, која во случајот е Косово. Испаѓа дека со овој несмасен потег тој слугува на спрската агресивна политика, која со децении го држи во заложништво целиот регион.

Неодговорното однесување на Ѓурчиновски може да го наруши и единството на Војската на Северна Македонија бидејќи тој добро знае дека нејзината структура е мултиетничка. Секој непромислен акт во вакви чувствително ситуации во соседството, може да предизвика непотребни поделби во војската и во општеството воопшто со сериозни последици по нашата стабилност. Не би сакал да верувам дека и покрај тоа што неколку години веќе сме членка во НАТО, одредени центри на моќ во македонските институции, можат да ја продолжат старата политика на солидаризирање со агресивната српска политика не водејќи сметка за интересите на сопствените граѓани и држава!

Ѓурчиновски со овој потег ја дискредира и позицијата на Севернаа Македонија во рамките на НАТО, како нејзина членка. Нашите НАТО сојузниците бараат сериозна истрага за улогата на српските безбедносни органи во терористичкиот напад, а генералот со посетата ја релативизира одговорноста на српската војска. Амбасадорот Хил лично отиде во југот на Србија да се увери дали навистина српската војска се вратила во касарните затоа што не му верува на српското водство. Тешко е да се поверува дека некој може да разговара за регионална безбедност со армија, врз која е фрлена ваков сомнеж. Така не се однесува сериозна членка на НАТО, која во нејзиното однесување треба да ја следи политиката на сојузните и не се однесува несмансо кон потенцијалните непријатели.  Би било интересно Ѓурчиновски да објасни на која страна би се бореле нашите војници во Косово, во случај спрската војска да ја преминал границата? Ќе ги следат наредбите на НАТО, ќе го напуштат фронтот или пак ќе ја помогнат српската агресија!

Освен тоа, со непромислената посета во Белград, водството на македонската војска праќа лоша порака и кон нашиот сосед Косово, која е под заштита на НАТО, САД и ЕУ. Ѓурчиновски треба знае дека секоја антикосовска политика, во суштина е антимакедонска и антизападна. Од мирот во Косово зависи и регионалната и европска безбедност, во тие рамки и безбедноста на Северна Македонија. Треба почесто да се потсетат дека со влегувањето на Северна Македонија во НАТО и НАТО има влезено во Северна Македонија. Добро е личните фрустрации да се остават на страна и раководителите на институциите во вакви чувствителни ситуации да се однесуваат државнички и повеќе да ги одразуваат македонските интереси, а не да се однесуваат како истурена институција на некаква република српска во регионот.

Целата оваа непријатност и конфузија Ѓурчиновски можел да ја избегне, само ако ја одложел посетата додека трае истрагата за терористичкиот напад во Бањско. Вака праќа контраверзна порака, која може да му служни само на српскиот вожд Вучиќ, кој е фатен со спуштени панталони. Откивањето на вистината не е само во интерес на безбедноста на Косово, туку и на мирот во Северна Македонија и регонот.