Во РС Македонија и во Бугарија се зборува ист јазик, кој меѓународно е признат како два различни јазици, тоа е еден од предлозите што ги дал премиерот Заев во Софија, јавува бугарскиот дневен весник 24 часа.
Заев дал уште 4 необјавени предлози, додаваат од весникот.
Според информациите со коишто располага 24 часа е предвидена и декларација дека двата народи се братски. Јанев и Заев не обелоденуваат што содржат сите македонски предлози за компромис.