За да избегнат тотален колапс и целосно затворање, компаниите бараат од Владата да ги активира стоковните резерви и да овозможи средните претпријатија да влезат на регулираниот пазар за електрична енергија. Бизнисот предупредува дека дише „на шкрги“ и се жали дека досегашните мерки за поддршка се главно фокусирани кон домаќинствата и граѓаните.

Како што беше речено во вечерашната дебата на ТВ Телма на која учествуваат претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија Неби Хоџа, Горан Герогиевски од Сојузот на стопански комори и министерот за економија Крешник Бектеши, од три на 11 отсто се зоглемени сите оперативни трошоци на компаниите.

Според министерот Бектеши, засега нема потреба од активирање на резервите, ниту на нафетните, ниту на стоковните, но ако има дополнителни ценовни шокови во делот на инпутите, Владата е подготвена да донесе дополнителни мерки за да го ублажи ударот.

-Фирмите буквално дишат „на шкрги“. Дојдено е време во кое секој се снаоѓа како знае и умее. Бизнисот најмногу страда во овој момент. Немаме каде, се удираме во ѕид, нема егзит варијанта. Прескапи се влезните суровини, 34 денари е килограм брашно или 550 евра тон, а струјата е за 300 отсто повисока од лани. Цената на зејтинот е многу висока како инпут, 50 – 60 денари беше пред една година, а сега е 130 денари, рече Герогиевски.

Според него, ако се активираат стоковните резерви, ќе се овозможи пребродување на кризата со најмалку последици.

-Влегуваме во трета кризна година. Невозможно е бизнисот да функционира како што треба. Со замрзнување на маржите се појавија проблеми со снабдување на основните проиозводи и компаниите кога не можеа да се снабдуваат и да имаат покривање барем на трошоците, одлучија да не се снабдуваат и да работат со загуба. Толкувањето на Законот за замрзнување на маржите на терен имаше друга слика. Ограничување на маржи е едно, а поттикнување на функционирање на бизнисот е друго. Не можеме да функционираме со такви ограничувања. Секогаш фокусот на Владата е посветен на домаќинствата и граѓаните, а ние како бизнис сектор сме изложени на атак иако ние сме тие што вработуваме и што создаваме раст и развој. Производството е во многу тешка состојба, неопходни се ршенеија за да се избегне колапс и затворање на компаниите, подвлече Хоџа.

На тоа министерот Бектеши рече дека од 1 март се признаваат сите дополнителни инпути што ги имаат производителите, а до 31 мај се утврдени само профитните маржи. Целта е, напомена, никој да не работи со загуби.

-Зборувате за првата недела од март, сега веќе е средина на април и речиси 1,5 месец се спроведува таа мерка и немаме поплаки од трговците. Не влегуваат сите видови брашно, тестенини, од целосниот асортиман на еден маркет, не се ни два – три отсто од производите. Затоа, мерките се таргетирани и се пофалени и од Светска банка и од ММФ, истакна Бектеши.

Во однос на стоковните резерви потенцира дека нема потреба од нивно активирање зашто снабдувањето со репроматеријали и суровини е редовно.

-До овој момент нема потреба да се пуштат државните резреви и во делот на нафтата и стоковните зашто во континуитет има снабдуцвање со репроматеријали и суровини. Производителите велат дека имаат доволно залиха, а во делот на цената преземаме мерки. Ако е потребно и ако има дополнителни ценовни шокови во делот на инпутите, ние сме подготвени да донесеме дополнителни мерки за да го ублажиме ударот, истакна министерот, дополнувајќи дека се очекува оваа недела да се укине забраната за извоз на српско масло.