Државниот пазарен инспекторат ги доби резултатите од земените дополнителни мостри од складот за мазут во Ресен во сопственост на компанијата Евротим од Кичево. Според анализите, констатирано е дека параметрите вода и седименти и содржина на пепел, се повисоки од граничните вредности. Поради констатираните отстапувања на квалитетот на производот, од страна на ДПИ е донесено решение за забрана за промет на производот мазут кој е затекнат во складот на оваа компанија. Веднаш по излегувањето на сторијата на ИРЛ, на предлог на заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба ротив корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски во координација со министерот за економија, Крешник Бектеши, се задолжија сите надлежни институции да спроведат итни, вонредени и длабински контроли на целиот процес од увоз или производство до продажба на мазут и нафтени деривати. Кај неколку други компании исто така се регистрирани неправилности поради што се изречени парични казни, но и забрана за работа.