Комисијата за заразни болести напладне ќе одржи состанок на кој ќе се дискутира за моменталната епидемиолошка состојба во државата.

Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата вчера изјави дека ќе се дискутира за епидемиолошката состојба или препораките ќе бидат донесениво форма на препораки или заклучоци и ќе бидат споделени веднаш по состанокот.

Комисијата за заразни болести на последната седница не донесе дополнителни рестриктивни мерки. На тој состанок, Комисијата апелираше до граѓаните да внимаваат на сопственото здравје, да избегнуваат посети во затворени и непроветрени простории, освен кога тоа е неодложно. Во такви случаи се препорачува носење заштитна маска и одржување дистанца.

Остануваат да важат мерките за задолжително носење заштитна маска во јавниот превоз, здравствените установи, аптеките и установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.