Полицискиот час останува од 22 часот до 05 следниот ден. Ваков заклучок донела Комисијата за заразни болести, а министерот за здравство Венко Филипче изјави дека очекува ова ограничување на движењето на граѓаните да даде резултат.
ема нови мерки против ковид-10, останува полицискиот час од 22 часот до 5 часот, е заклучокот од денешниот состанок на Комисијата за заразни болести, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција во Владата.
„Се наоѓаме во екот на третиот бран, за еден месец бројката е зголемена за 5 илјади заразени. Во болниците има околу 1.100 пополнети болнички места, притисокот во Скпје беше навистина голем. Според анализите, треба да остане оваа мерка ќе даде резултати за 4-5 дена“, кажа Филипче.