Комисијата за заразни болести смета дека даваат резултати рестриктивните мерки што се во сила и на Главниот координативен кризен штаб му предложи да донесе одлука за продолжување на мерките. Штабот го прифати предлогот и донесе одлука да ѝ предложи на Владата мерките да се продолжат за уште седум дена, по што состојбите со епидемијата повторно би биле разгледани.
Полицискиот час во траење од 20 до 5 часот и неработењето на угостителските објекти ќе останат во сила доколку Владата донесе одлука. За потоа се размислува угостителските објекти да можат да примаат гости само на отворен дел.
Владата се очекува да донесе одлука на утрешната седница.