Членови на Комисијата за законодавство, мандати, имунитети и Деловник за работа на Собранието и надзор на Агенцијата за борба против корупција на Собранието на Република Косово денеска ќе го посетат македонскиот Парламент.
Предвидено е членовите на Комисијата да се сретнат со претседателот на Собрание на Република Северна Македонија, Талат Џафери.
Претходно, членовите на Комисијата ќе имаат средба и со членовите на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.