Собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и АР денеска престојуваше во Агенцијата за разузнавање (АР) каде од страна на директорот и неговите соработници беа информирани пратениците за актуелните приоритети на АР.

Притоа, како што информираат од собраниската прес-служба, посебен акцент беше ставен на дијалогот Белград-Приштина и рефлексиите врз регионалната безбедност, состојбите во Босна и Херцеговина, но и за европските перспективи на државата во контекст на глобалните безбедносни предизвици.

-Пратениците покажаа интерес за повеќе прашања, а посебно околу системите „Пегасус“ и „Предатор“, безбедноста и заштитата на граѓаните од вакви софистицирани системи, како и носителите на јавни функции, при што Агенцијата потврди дека со такви системи не располага, велат од собраниската прес-служба.

Од страна на пратениците, додаваат, позитивно беше оценета средбата и добиените одговори на поставените прашања од страна на АР.