Колумбискиот претседател Густаво Петро во интервју за „Си-Ен-Ен“ изјави дека нафтата е во сржта на притисокот кој администрацијата на Доналд Трамп го врши врз Венецуела, а не борбата против трговијата со дрога.
Тој нагласи дека Венецуела не е значаен производител на дрога и дека преку земјата минува мал дел од глобалната трговија.
„Значи, станува збор за преговори за нафта. Верувам дека тоа е логиката на претседателот Трамп. Тој не размислува за демократизација на Венецуела, а уште помалку за пазарот на дрога“, продолжил тој.
Петро ги обвини САД за империјализам и анкциите воведени од администрацијата на Трамп ги оцени како политички мотивирани. И покрај тензии меѓу двајцата лидери, американските власти истакнуваат дека односите со колумбиските институции остануваат стабилни.
Текстот Колумбискиот претседател: Трамп не размислува за демократизација на Венецуела, туку за нафта е превземен од МАКФАКС.























