Џон Еду Мена Перез (23) успешно ги помина лекарските прегледи и од утрешниот ден ќе им се придружи на своите нови тимски колеги.
Колумбискиот интернационалец, кој игра во делот на нападот, одлучи да ги брани боите на Ренова која моментно после есенскиот дел сезонава во Првата македонска лига е деветтопласирана со 19 бодови.
Претходно Мена Перез настапуваше за колумбискиот Ланерос и У20 тимот на Патриотас.
Претходно клубот информираше дека од својата фудбалска школа во првиот тим се преселија Ерен Мемеди и Амар Емрули.
Воедно Арлинд Алити од Шкендија ќе игра како позајмица до крајот на натпреварувачката сезона 2020/2021.