Универзитетската професорка, Катерина Колозова во објава на Фејсбук пишува за мочуриштето од дезинформации кое се појави во земјава по изјавата на Макрон за потребата Европа да се реформира.
Ова не е “Европа во повеќе брзини” од ерата на Меркел. Станува збор за секторскиот приод и новата методологија: во еден сектор може да си потполно интегриран, во други делумно дур трае пристапувањето. Ова е основата на методологијата од 2020. Ништо ново.
Како подетално би се разработила, останува да се види, но не значи – “чекајте да се реформираме за да влезете,” како што се шири параноја овде. Напротив, и оние што допрва станаа кандидати, во некои сектори би влегле целосно, иако нема да бидат полноправни членки до 2030, како Украина, Молдавија или Босна.
Толку знаеме, другото е методологија што допрва треба да се разработи. Читајте на англиски, германски, француски – овде е мочуриште од дезинформации, пишува Колозова.
Превземено од Цивил Медиа