Лудаци сме и бугарофоби! Ова е коментарот на Катерина Колозова, професорка на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје во врска со потпишувањето на онлајн петицијата за повлекување на македонскиот претставник на Евровизија, Васил Гарванлиев, заради наводно непочитување на Македонските национални обележја.
„Лудаци сме. (И, да, бугарофоби. ЕУ има право, не сме дораснати за членство. Вакви односи меѓу земји членки не смее да има). Лудаци!“, напиша на нејзиниот фејсбук профил Колозова.
Колозова посакува министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов да ги објави со име и презиме сите потпишани за повлекување на Гарванлиев, кои имаат бугарско државјанство.
„Што сакам сега сите потпишани да ве извади Каракачанов по име и презиме, кој од Средец кој од Ќустендил“, пишува Колозова.
Онлајн петицијата се организира под мотото “СТОП за пробугарската пропаганда во Македонија“, а Гавранлиев е цел на напад само затоа што имал бугарско државјанство и снимил спор на кој се гледало бугарското знаме.