Блокадата на европскиот пат на Македонија од страна на ВМРО-ДПМНЕ, со недонесувањето на уставните измени, покрај тоа што може да предизвика изолација на државата и застој на интеграциите во ЕУ, ќе има и значаен негативен ефект врз економиските можности за граѓаните и државата.

Блокадата на патот кон ЕУ ќе значи и помалку фондови од Унијата. Загубените фондови од ЕУ ќе се бројат во милијарди евра, според некои пресметки, тоа ќе значи повеќе од 10 милијарди евра загубени пари за развој на Македонија.

Ако ги погледнеме сумите, само во досегашниот евроинтегративен процес на земјата, преку ИПА, поддршка за мали и средни компании, грантови за енергетската криза, макроекономска помош, образовните и други програми, помошта за ублажување на економските последици од пандемијата… во државата се слеале над 3 милијарди евра од европските фондови, од независноста до денес.

Ако земеме во предвид дека со забрзување на интеграциите и полноправно членство, средствата на ЕУ можат да бидат многу повисоки од овие досега, со блокада на интеграциите, загубата ќе биде огромна и ќе се брои во милијарди евра.

Ако го продолжиме патот кон ЕУ ќе се отворат повеќе фондови за Македонија

Забрзувањето на европските процеси значи и нешто друго. Земја членка на ЕУ од регионот во однос на земја која е кандидат како ние, добива 11 пати поголема помош од фодновите по глава на жител. Тоа значи дека кога ќе го почнеме отворањето на поглавјата и кога ќе започне затворањето на поглавјата се отвораат и европските и структурните фондови. По зачленувањето таа помош е 11 пати поголема од она што е денес.

Со блокада се ускратува и шансата за голем скок на платите

Покрај тоа, со блокадата се ускратува и шансата за голем скок на платите и раст на стандардот, со оглед на фактот што, во првите 5 години по зачленувањето во ЕУ, растот на платите во земјите членки се движел од над 50 %, па се до 100 отсто.

За нашата земја важно е членството во ЕУ затоа што Унијата е наш економски партнер, 77,5% од извозот завршува во ЕУ, додека 51% од увозот доаѓа од таму. Со членството во ЕУ, домашните компании создаваат дополнителна економска вредност преку соработка со европски компании.

Исто така, ќе се отворат вратите на европскиот пазар од 500 милиони потрошувачи. Македонските компании, под исти услови со компаниите од Унијата ќе можат да ги понудат и пласираат своите производи и услуги.

Тоа дополнително ќе ги зајакне трговските перспективи и потенцијалот за остварување на одржливи стапки на раст на БДП.

Превземено од Centar.mk