Иако на почетокот се мислеше дека Луис Суарез заминал како слободен игра во Атлетико Мадрид, сепак тоа не е баш така. Според каталонски „Спорт“ Барселона ќе инкасира пет милиони евра. Но, по различни бонуси може да добие дополнителни 6 милиони, а на добар пат е да се исполни такво нешто бидејќи Суарез е прв стрелец во лигата, а Атлетико Мадрид чекори кон титулата.
