Според податоци на Виенскиот институт за интернационални студии објавени во најновата анализа за нето-миграцијата во Западен Балкан, вкупниот број на издадени први дозволи за македонски државјани во ЕУ28 и Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, Швајцарија изнесува 160.663.
Притоа 88.267 дозволи се на луѓе кои се приклучиле на своето семејство, односно на член од семејство кој е веќе во некоја од овие земји.
На школување, во овој период заминале 9.324 државјани на Македонија, за активности за усовршување биле дадени 41.189 дозволи и по други основи – 23.932 дозволи.