Научниците претставија паметна стратегија за користење на тестовите за крвта за кои тврдат дека можат да ја измерат максималната возраст којашто човечкото тело може да ја достигне.
Според нивниот индикатор, кој се нарекува динамичен показател за состојбата на организмот (ДОСИ), човечкото тело има максимален животен век од 150 години.
Авторите на истражувањето комбинирале бројни старосни варијабили и патеки на стареење во еден показател кој им овозможил да генерираат поедноставен, квантитативен максимален животен век.
Стареењето вклучува прогресивно опаѓање на функциите и го прави телото почувствително на болести, без разлика дали станува збор за рак, невролошка болест или за срцеви заболувања. Стареењето се случува кога нашата ДНК се реплицира и реплицира, станувајќи повеќе склона кон грешки, што доведува до болести.
Еден од најдобрите показатели за целокупното здравје во моментот е комплетната крвна слика. Следејќи ги резултатите од таа анализа за траекторија на стареењето и прегледувајќи ги податоците за пациентите, научниците откриле дека варијациите во комплетната крвна слика би можеле да се искористат во создавањето на показател за стареењето. Тој показател претставува мерење на физичкиот отпор, а ДОСИ бил зголемен кај испитаниците кои имаат стил на живот што ја зголемува смртноста, на пример, кај пушачите. Зголемениот ДОСИ бил значително поврзан со зачестеноста на вообичаените здравствени состојби и возраста, што укажува на тоа дека тоа е силен фактор во стареењето на човечкото тело.
Кога да достигнете полн потенцијал за стареење?
Кога научниците ги набљудувале здравите лица, ДОСИ ја предвидел зачестеноста на подоцнежните болести поврзани со стареењето, иако во тоа време тие не покажувале очигледни знаци за појавата на болеста.
Со цел да се примени овој показател за да се постигне максимален животен век, научниците се осврнале на иднината на нивните испитаници. Бидејќи ДОСИ се зголемувал линеарно со годините, тие можеле да ја следат корелацијата и да дојдат до максималниот животен век. Откриле дека прогресивното губење на функциите укажува на тоа дека луѓето го достигнуваат својот целосен старосен потенцијал од 120 до 150 години, што е во склад со претходните истражувања.
Интересно, нивните резултати сугерираат дека дури и со најнапредните терапии за борбата против болестите коишто ќе ни бидат достапни во иднина, луѓето не би можеле да ја преминат таа граница без да го решат основниот проблем на стареењето. Имено, губењето на еластичноста во телото е далеку поголема движечка сила од смртноста од одредена болест, па затоа тие тврдат дека да се работи на моделот на стареењето е императив за терапиите што го продолжуваат животот, наместо да се насочуваат кон одредена болест.