Перењето и одржувањето на облеката и постелнините чисти е обврска која треба да ја исполнувате редовно, особено кога е во прашање чаршавот и покривачот со кој спиеме.
Иако ви изгледаат чисти, нечистотијата се создава на површината и создава подлога за размножување на микроорганизми кои може да ви предизвикаат проблеми.
Во лето повеќе се потиме, а на постелината може да се најдат остатоци од нечистотии и козметички производи. Најдобро е најмалку еднаш неделно да ја менувате постелнината.
Мртвите клетки и природните телесни масла и течности може да привлечат прашински грини, за кои знаеме дека се размножуваат со голема брзина на постелнината. Затоа, обрнете повеќе внимание, за да се заштитите себе.
Менувајте ја постелнината почесто во однос на зимските месеци, доколку не сте во можност тоа да го правите секоја недела, нека биде минимално двапати месечно.