„Некој ја редефинира меѓународната насоченост на земјава, облечена во измама на основа на сентименти и емоции од блиското минато, но сум должен да одбележам, дека сите сојузи со таква измамена содржина, без јасни правила во кои учествувале балкански држави, завршувале со катастрофални последици“, напиша на социјалната мрежа Facebook лидерот на ГДУ Петар Колев, како коментар за иницијативата „Отворен Балкан“ што од 1 јануари 2023 г. ќе ги тргне границите меѓу Србија, Албанија и РС Македонија.
Колев потсетува дека сме заборавиле на препораките на Прибе и на фактот дека нашата земја веќе е дел од НАТО.
„Тешко ни оди со воен претставник во НАТО, уште потешко со безбедносните сертификати за достап до информација, но пак за сметка на се, супер ни оди со “сојузи” диктирани од Белград, со далечинско во Москва!Кој е тој капитал кој слободно ќе се движи во оваа мини “Југославија” и најважното чив е? Да не е случајно Кинески, Руски или може криминално стекнат?Заборавивме за препораките на Прибе, заборавивме дека сме веќе член на НАТО?“, пишува Колев