Претседателот на ГДУ, Петар Колев, со ироничен статус ја коментираше оставката на професорот Ванчо Ѓорѓиев од мешовитата историската комисија со Бугарија.
„Професорот Ванчо Ѓорѓиев ми беше „последната“ надеж, дека ќе застане како научник и професор во одбрана на вистината и ќе даде се од себе, за да го зачува идентитетот.
После неговата оставка, сите надежи паѓаат во вода“, пишува Колев.
Колев во својот пост на социјалната мрежа facebook објавува и неколку фотографии од книгата на Ванчо Ѓорѓиев „ВМРО 1893-1903 поглед низ документи“ прашувајќи го дали се сеќава на таа книга и дали истата треба да биде изгорена.