Претседателот на ГДУ, Петар Колев, смета дека запалувањето на бугарското знаме на 29 годишнината од признавањето на Македонија од Бугарија е повеќе од јасна порака.
„Да го запалиш знамето на државата која образовала илјадници твои деца, дала државјанства на илјадници твои граѓани, комшии, роднини кои работат низ цел свет и праќаат пари на своите семејства за да ги спасат од глад и мизерија, во која држава и денес функционираат фирми на твои сограѓани, роднини и комшии, а печалбите ги трошат во Македонија е меко кажано невоспитано“, смета Колев.
Тој жали за инцидентот и се надева дека луѓето разбираат колку е болно и навредливо кога некој ќе ти го пали националниот симбол.
„Ни се случувало многу пати да гори и македонското знаме, но, за волја на вистината, никогаш не било палено во Бугарија или од Бугари туку од други наши соседни земји, но и наши сограѓани од друга етничка припадност“, потсетува Колев.
Спопред него, палењето на национални симболи е кривично дело, извршено од индивидуалци и очекувам институциите да си ја завршат својата законска обврска.