„ Само кога зборуваме искрено еден со друг, а не преку Вашингтон, Брисел или Берлин, ќе можеме на ефикасен начин да ги решиме нашите проблеми“, изјави Петар Колев, прв човек на политичката партија ГДУ за БГНЕС.
Колев го поздрави Заев заради тоа што се обидува да зборува литературен бугарски јазик и ги посоветува македонските политичари што одат во Софија, во своите редови да имаат и луѓе кои зборуваат течно бугарски јазик.
„Неговиот струмички дијалект е прекрасен, не знам зошто си го крши јазикот. Ги советувам македонските политичари, кои одат во Бугарија, во редовите на своите делегации да имаат и луѓе кои го зборуваат течно бугарскиот литературен јазик. Тоа ќе им помогне во комуникацијата. Македонските политичари да не брзат да се прибираат од Бугарија во Скопје и во Струмица, туку да остануваат неколку денови таму, за да можат подобро да ја запознаат земјата“, вели Колев за БГНЕС.