Како надополнување на здравиот начин на живот, за целосна и сеопфатна нега и убавина на кожата, значајно е користењето на колагенот преку козметичките производи.
Новите истражувања фрлаат нова светлина на тоа како суплементите за нега и убавина навистина можат да го подобрат изгледот на кожата однатре. Станува збор за веќе добро познатите моќни антиоксиданси, церамиди, хијалуронски киселини, колагенот, пептидите и омега масните киселини.
ЗОШТО ДА ИЗБЕРЕТЕ КОЛАГЕН?
Колагенот е еден од клучните фактори за здрав, младешки и сјаен изглед со значајна улога во одржувањето на структурата и отпорноста, како и цврстината и еластичноста на кожата. Истовремено ја овозможува и неопходната хидратација на кожата. Колагенот е вид протеин кој нашето тело го произведува и сочинува 70% од дермисот. Со процесот на стареење и забавување на метаболизмот, нагло се намалува и продукцијата на колагенот, со што кожата ја губи еластичноста и сјајот и се создаваат несаканите брчки и други знаци на стареење. Брзиот начин на живот, штетните влијанија од УВ-зраците и надворешните влијанија, исто така, влијаат на намалувањето на производството на колаген.
КАКО ДА ГО НАДОМЕСТИМЕ КОЛАГЕНОТ?
Колагенот е многу важен за еластичноста и сјајот на лицето и значајно е да ѝ го вратиме на кожата. Како надополнување на здравиот начин на живот, за целосна и сеопфатна нега и убавина на кожата, значајно е користењето на колагенот преку козметичките производи кои содржат колаген, со што имаме можност да ги откриеме неговите бенефити, особено неговите подмладувачки, навлажнувачки и обновувачки способности.
ШТО Е МОРСКИ КОЛАГЕН?
Морскиот колаген е протеин екстрахиран од рибјите крлушки, кој има најслична молекуларна структура и својства со колагенот најден во човечката кожа со способност да навлезе длабоко во кожата. Mizon, за својата колекција Colagen power set го одбра растворот од морски колаген, кој спречува предвремено стареење, нежно ја хидрира и обновува еластичноста и ѝ дава сјаен изглед на кожата.
Доколку барате сеопфатна нега за лицето, Mizon Ви го нуди својот Collagen Power Set, најнеопходниот практичен сет од четири производи со колаген. Тоа е сет кој помага за хидратација, зацврснување и лифтинг на кожата со дерматолошки тестирани производи, кои не содржат вештачки бои и ароми.
Сетот содржи четири производи во минијатурни пакувања, кои треба да се користат по следниов редослед: Collagen Power Lifting Toner / Collagen Power Lifting Emulsion / Collagen 100 Ampoule / Collagen Power Lifting Cream.
ЗАПОЧНЕТЕ ЈА И ЗАВРШЕТЕ ЈА ДНЕВНАТА РУТИНА СО КОЛАГЕН
Во првиот чекор од рутината за нега на кожата, користете го Collagen Power Lifting тонерот, кој содржи висока концентрација на раствор од колаген, делува смирувачки и овозможува совршен почеток за нега, хидратација и зацврстување на кожата.
Втор чекор – Collagen Power Lifting емулзијата со антиоксидантно дејство, обезбедува подобрување на еластичноста на кожата со инстантен лифтинг, интензивно потхранување и свежа хидратација за опуштена и уморна кожа.
Трет чекор – Collagen 100 ампулата со нелеплива текстура, ѝ дава свеж изглед на кожата, делува против создавањето брчки и помага во хидратацијата и подобрување на еластичноста на кожата.
Четврти чекор – Collagen Power Lifting кремот, со текстура како желе, со формула богата со морски колаген и пептиди, кои ја измазнуваат кожата. Содржи висока концентрација на колаген, ја затегнува и осветлува кожата и ѝ ја дава потребната свежина и сјаен изглед.
Овој сет е вистински погодок за сите оние кои сакаат колекција со антиејџинг ефекти, кои бараат производи за еластична, цврста, затегната и сјајна кожа и без употреба на шминка, кои сакаат да ја подобрат својата уморна кожа и бараат решение за брчките, на оние кои им е потребно подобрување на внатрешната и надворешната хидратација и бараат свежи и нелепливи производи за чувствителна кожа.
Производите на Mizon се ексклузивно достапни во Olpeo, продавница специјализирана за корејска козметика, на продажните места во ГТЦ во Скопје на првиот кат, Палма мол во Тетово, како и на www.olpeo.mk.
(комерцијален текст)