Кокосовото масло покрај тоа што може да додаде суптилен вкус на секое јадење, може да се користи и за многу домашни работи, како одржување на дрвените подови.
Но, покрај тоа, сите знеме дека кога станува збор за грижа за убавина, кокосот е една од главните состојки во кремите за нега на лице и тело. Се разбира, ова не е крај на неговата намена, бидејќи, како што тврдат експертите, кокосот е многу погоден за и за раст на косата.
Секој ден, вашата коса е изложена на бројни загадувачи на воздухот, временски услови, како и на влијанието на алатките што се користат за стилизирање на косата, како што се фен и пегла.
Исто така, бројни производи за стилизирање на косата, како гел, лак, пена и восок, дополнително ја оштетуваат вашата коса. Сите овие работи всушност ја извлекуваат влагата и протеините од вашата коса, правејќи ја сува и склона кон кршење и опаѓање.
Кокосовото масло може да ви помогне при овие проблеми, па затоа е честа состојка во производите за нега на коса. Содржи лауринска киселина која, за разлика од другите масни киселини, продира длабоко во косата. Како резултат на тоа, косата не ги губи своите протеини и во исто време останува хидрирана.
Кокосовото масло придонесува за повеќе волумен, повеќе сјај и генерално поздрава коса. Благодарение на тоа, вашата коса ќе изгледа помека, помазна и лесна за обликување.
Дали маслото од кокос го поттикнува растот на косата?
Кокосовото масло може да биде многу ефикасна превенција за оние кои имаат проблеми со опаѓање на косата. Без разлика дали имате проблеми со опаѓање на косата или едноставно сакате вашата коса да биде побујна и поздрава, кокосовото масло е вашето решение.
Одличното навлажувачко својство на кокосовото масло помага во борбата против воспаленијата на скалпот. Со редовно користење ќе придонесете за побрз раст на косата, која пред сè ќе биде поздрава и поубава од порано.
Наједноставниот начин е да се нанесе кокосово масло пред или после миење на косата, директно на скалпот. На овој начин ја заштитувате косата од оштетување и помагате да се зачува нејзината влажност.
Можете да го користете и како маска за коса 2-3 пати неделно. Потребно е малку да се загрее за да биде во течна форма и да се нанесе на косата. Откако ќе го нанесете маслото разнесете го по должината на косата со помош на чешел. Оставете да делува околу половина час и потоа исплакнете.
Покрај тоа, може да го користите и за вашите суви краеви. На влажна коса, нанесете помало количество на половина од должината на косата до краевите и оставете го да се исуши природно – резултатите ќе ве воодушеват!