Заминувањето на Зоран Заев од челната позиција и на СДСМ и на Владата, предизвика и низа повлекувања но и смена на дел од министрите од редовите на оваа партија. Премиерот Заев, најверојатно во среда до Собранието ќе ја поднесе оставката на премиерската функција.

„Овие денови завршуваме со консултациите со коалициските партнери. Тоа што можам да го кажам е дека се заокружуваат важни процеси и програмски и владини и кадровски, така да ќе ја донесам одлуката некаде на почетокот на следната седмица и штом ја домесам веднаш ќе соопштам и кога точно ќе биде формализирана пред Собранието“, вели премиерот во оставка, пренесува ТВ 21.

По ова, во оставка ќе биде целата Влада а идниот владин кабинет се очекува да го состави новиот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски. Според она што досега беше и официјално најавено во него повеќе нема да биде министерот за здравство Венко Филипче кој вчера од Охрид ја потврди ваквата одлука, а вчера своето заминување го обзнани и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која уште во мај годинава се откажа и од партиските функции.

Целиот напис прочитајте го овде.