Барселона, Јувентус и Реал Мадрид се соочени со исфрлање од Лигата на шампионите, откако во средата беше покрената истрага против три европски гиганти.
Споменатите клубови беа практично иницијатори на Суперлигата, проект кој не заживеа, иако претходно 12 екипи беа подготвени да играат свое натпреварување, кое би било одвоено од натпреварувањата на УЕФА.
Додека повеќето се откажаа од проектот и решија да останат верни на УЕФА, Барселона, Реал и Јувентус сè уште не го сториле тоа, затоа е покрената истрага.
“По истрагата на етичките и дисциплинските инспектори на УЕФА за таканаречениот проект “Супер лига”, покрената е дисциплинска постапка против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус за потенцијално кршење на законската рамка на УЕФА. Дополнителни информации ќе бидат достапни на време,” Најави УЕФА.
Како што стојат работите сега, повеќекратниот шампион на Европа сигурно ќе биде казнет и им се заканува исфрлање од Лигата на шампионите за следната сезона.
Во случај да бидат исклучени Барса, Јуве и Реал, веќе се шпекулира за можни последователни покани за клубовите од Серија А и Ла Лига.
UEFA is planning to expel Real Madrid, Barcelona and Juventus from next season’s Champions League (plus a big fine), say Cope. The three clubs in the so-called Super League could appeal decision to CAS. Real Sociedad, Real Betis & Napoli would replace them if ban is upheld. https://t.co/cFNueB5PES
— Colin Millar (@Millar_Colin) May 25, 2021
Според странските медиуми, Реал Сосиедад и Бетис треба да ги заменат Реал Мадрид и Барселона како 5-ти и 6-ти тим во Ла Лига, додека петтопласираниот Наполи доаѓа од Апенините наместо од Јувентус.
Атлетико Мадрид, Милан, Интер, Арсенал, Челзи, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Тотенхем се клубови кои се откажаа од Суперлигата.